Ристо Тодоров

Бежанскиот порој

Камења, потем песок и страдања,
Рана во душата на поројот. Грда.
Бездомни Бежанците молат. Глад.
Неизмолен ветрот ги мами
со празните дојки на мракот.

Дожд. И солзи и веди. И ровја.
Низ коритото патува незакотвена
тагата на вдовиците и сираците.

Тие што требаше и можеа
да го одгатнат липетот
останаа задмежни. Таму. Наместо
последни ѕвезди на старото небо.

Датум првог објављивања:
На Растку објављено: 02.08.2012
Датум последње измене: 01.09.2012
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија